Од 21 – ви месецов угостителските објекти ќе работат со ново, продолжено работно време. Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека кафе баровите, кафеаните и рестораните треба да работат до 23 часот, но последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести. Засега, надлежните не работат на изготвување на нови протоколи за работа во угостителството. Десетина дена пред Нова Година владата реши да го ограничи работењето на угостителските објекти до 18 часот, со цел да се избегнат групните предновогодишни прослави со кои, според здравствените власти, ќе се зголемеше ризикот од пренесување на вирусот.
„Постојните мерки се со важност до 21 овој месец. Во согласност со сите податоци што ги имаме ние како Влада и во склоп на кризниот штаб, се предвидува да се продолжи работното време. Има неколку опции, мислам дека на 21 овој месец, кога ќе имаме и кризен штаб, навремено ќе ги информираме сите угостителски објекти“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.
– Advertisement –