Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски  ја посетивме фабриката за масло за јадење Кристал во Велес, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на социјалните мрежи.

Тој воедно порачува:

-Cнабдувањето со сончоглед е стабилно и нашата државата во континуитет увезува сурово масло потребно за производство во домашните капацитети, но има и зејтин за домашна потрошувачка за граѓаните.

Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи

Веќе почна и увозот на рафинирано масло од соседите, но се увезува и од други држави со оглед дека ја укинавме царинската стапка од 29 за увоз  на зејтин.

Ја следиме ситуацијата на дневна основа и заеднички како Влада ќе ги носиме одлуките на интерес на граѓаните.