Министерот за економија, Крешник Бектеши чие министерство има задача да провери што точно се испитува при увоз на течни горива, согласно правилникот за квалитет, уверува дека правилникот одговора на барањата на Европската Комисија. Бектеши вели дека според македонскиот стандард при увозо на отпад, не треба да се контролира само хемискиот елемент сулфур, туку уште седум други. Вели, ако не се реализирани сите процедури по правилникот во Царинската управа, ќе го известат Јавното обвинителство.

Advertisements

„Во моментот ги собираме сите информации од институциите кои веќе ги наведов. Кога ќе бидат сите подготвени ќе ги контролираме ќе ја информираме јавноста“, рече Бектеши.

Во меѓувреме, двата инспектората – пазарниот и еколошкиот, на кои Владата им наложи да ги проверат, фирмата „Евротим“ која според сознанијата на реадкцијата на ИРЛ, го увезла отпадното гориво како да е всушност мазут и фирмите кои го користат тоа гориво велешката БРКО и кавадеречката ЕУРОНИКОЕЛ, не откриваат ништо за направените контроли. Алсат ги контактираше и двата инспектората и од таму ни посочија дека инфомациите ќе ги сподели Владата откако ќе ги известат за инспекциите во рок од 14 дена.

Засега останува нејасно кој и како ја променил тарифната шифра на увезеното отпадно масло, кое е штетно по здравјето и животот на луѓето, во мазут, кој инаку помалку загадува. Ова е нешто што го проверува и Царинската управа, односно како биле подготвувани царинските декларации за горива кои се увезувале меѓу 2018 и 2020 година. Досега царината утврдила дека декларациите одговарале со увозеното гориво.

Од Царината не откриваат кога последен пат кичевската фирма „Евротим“ добила увезен мазут од босанската „Хифа Оил“, бидејќи, како што ни рекоа – информацијата била доверлива. Инаку, според истражувачката ТВ сторија, отпадното масло, лажно пријавено како мазут, во земјава се користело за загревање на болници и други државни институции, но и како погонско гориво во некои фирми како БРАКО и Еуроникел кај Кавадарци.

Игор Стефановски