Од 1 јануари 100 проценти поголема дневница за работа во недела во дејноста трговија!
Од 1 јануари 2022 година сите вработени кои се ангажирани во трговијата ќе имаат 100 проценти поголема дневница, напиша министерот за економија на својата фејсбук страница.
Новите законски измени кои поминаа пред неколку дена во Собранието стапуваат на сила од првиот ден од следната година, а Бектеши потсети на обврските на работодавачите.
-Според измените на Законот за трговија кои беа донесени во Собранието, почнувајќи од 1 јанари 2022 година, вработените во трговските центри, односно моловите, во продавниците во склоп на бензински станици, трговци на мало со еден вработен, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100%.
Овие трговци ќе треба да платат и дополнителни, 2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници, а средствата ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки, пишува Бектеши.