Министерот за економија, Крешник Бектеши, по најавата дека компаниите кои произведуваат прехранбени основни продукти, ќе добиваат поевтина струја, порача дека нема да дозволат како Влада никој да прави воено профитерство во време на криза.
-Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во фомирањето на финалната цена не се намалува и во формирањето на финалната цена на производите, тогаш имаме други механизми и веќе сме разговарале со Стопанските комори да не се злоупотребуваат ваквите работи, бидејќи можеме да донесеме одлука за целосно замрзнување на цените на одредени производи, вели Бектеши.
Тој додава дека во Собранието е Законот за потрошувачи каде се предвидени нови мерки по кои може да постапи Државен пазарен инспекторат и очекува во текот на наредната недела тие измени да бидат усвоени од страна на пратениците.