Со поскапувањето на електричната енергија и нафтените деривати, во Македонија почна и поскапувањето на основните производи, по што Владата ги замрзна цените на неколку основни производи, а потоа додатно го продолжи рокот на мерка до 28 февруари 2022.
„Според сите податоци, нема зголемување во месец декември и јануари имајќи ја предвид одлуката за замрзнување на цените на основните производи. Се уште е рано да одлучиме за продолжување на мерката за која веќе почна да се зборува во јавноста. Се анализираат и други модели и веројатно ќе се интервенира и во маржата на увозниците на основните прехранбени производи и кај трговците на големо и мало и на тој начин ќе го намалиме влијанието од поскапувањето на основните производи“, вели Бектеши.
Што се однесува до цената на нафтените деривати, таа може да се зголеми но Министерството за економија и Владата не можат да направат ништо во врска со тоа бидејќи тоа не зависи од државата.
„Северна Македонија не е производител ниту на нафта, ниту на други нафтени деривати, но мене ме радува фактот што во регионот имаме најниски цени за разлика од Косово, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна итн. Се донесува до центата на нафтата и нафтените деривати не можеме да влијаеме бидејќи тие се во дел од меѓународните берзи и таму се одредува цената“, рече Бектеши.