Министерот за економија Крешник Бектеши потсети дека останатите угостителски објекти работат до 21 часот и за нив нема рестрикции, но рече дека угостителските објекти за свадби, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, се затворени. Владата ќе ги поддржи дополнително доколку има нови рестрикции, изјави Бектеши.

-Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести и овие ресторани остануваат затворени, изјави  министерот за економија, кој беше во посета на бизнисите во Куманово.