Листата на производи чии цени се замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката со дополнителни производи, а тоа би биле ориз и јајца, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој посочи дека одлуките не важат за денешните цени, туку важат за цените на производите кои биле формирани од трговците од 1 декември.
-Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали нагласи Бектеши.