Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук-профил потсети дека од денеска основните прехранбени продукти во сите маркети ќе се продаваат со нула отсто данок на додадена вредност (ДДВ).

Како што наведува Бектеши, во групата на основни прехранбени продукти кои од денеска се продаваат со нула отсто ДДВ спаѓаат лебот, брашното тип-400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

„Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите“, наведува Бектеши во својот фејсбук-статус.