Северна Македонија ќе биде дел од 17-тото Биенале на архитектура во Венеција. Ќе се претстави со проектот „Сега“ на бирото за проектирање БИНА. Проектот/изложба е на група архитекти предводени од Бекир Адеми, куратор на изложбата, ко-куратор е Јордан Шишовски, комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија, додека покровител на изложбата е Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Свеченото отворање на нашиот павиљон е закажано на 20 мај со почеток во 10.00 часот, во дворот на “Palazzo Zorzi” – седиштето на UNESCO во Венеција.
Проектот „СЕГА“ е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината.
Проектот „Сега“ ја рефлектира идејата за заедно или заедништво преку вечното единството на дуалитети, што е веднаш воочливо во односот на микро и макро структурата, а во себе инкорпорира повеќе различни толкувања на односите внатре-надвор, приватно-јавно, отворено-затворено, дом-општество, поаѓајќи од индивудуата како основна клетка во колективитетот.
Флуктуацијата на општествените чинители чија аспирација е заеднички живот, надминувајќи кохабитациски разлики без да ja дезинтегрираат индивидуалнaта сфера, е вистински предизвик .Живееме во времиња кога се наложуваат нови научни парадигми кои што брзо ги надминуваат старите и опстанокот на планетата најмногу ќе зависи од моќта да се мобилизираат во креативни реазултати сите потенцијали на здруженото човештво. Имагнацијата на уметноста отвора за тоа неслутени можности.
Проектот ,,СЕГА’’, претставува чудесен одговор, во потрагата по вечниот одговор на синтагмата ,,живот и дом’’. Ако се појде од идејата дека планетата е всушност проширениот човеков дом, тогаш може да се најде и вистинското разбирање за визијата и вредноста на проектот, неговата хармонична полнота и доследност.
Инсталацијата на проектот ,,Сега’’, со кој годинава Република Северна Македонија достоинствето се претставува на Биеналето во Венеција, петставува видлив исчекор, вредност од универзален карактер,чудесна синтеза помеѓу реалноста на архитектурата и предизците на уметноста.