Алтернатива бара три министерски места за да влезе во Владата. Наводно ова Африм Гаши му го соопштил на Зоран Заев на последната нивна средба. Како што објави Алсат, секретарот на Алтернатива, Беким Сали, кој загуби на локалните избори во Чаир од Висар Ганиу е предлогот на Гаши за нов министер за здравство. Од Алтернатива пак, не потврдуваат ниту дали меѓу нивните барања е и да добијат еден од четворицата вицепремиери, односно за европски прашања.
Сепак, наводно премиерот Зоран Заев не го сакал Беким Сали за министер, бидејќи загубил на локалните избори. Поради тоа барал име, кое нема да биде окарактеризиран како губитник на изборите.