Герет Бејл беше многу лут по натпреварот помеѓу Велс и Данска.
Велшаните беа поразени од Данска со убедливи 4-0, а Бејл како капитен повторно ја водеше својата земја. Тој беше многу разочаран по тешкиот пораз, и со сето тоа, мораше да им „одговара“ на новинарите.
Откако го прашаа дали ова е негов последен натпревар во дресот на репрезентацијата на Велс, Бејл едноставно избега, не сакајќи да каже ништо на оваа тема.
Пред неколку недели тој објави дека ќе открие големи вести откако неговиот национален тим ќе заврши со ЕУРО.
Бејл се очекува да заврши не само со репрезентација, туку и со комплетна играчка кариера по истекот на договорот со Реал Мадрид следното лето, кога ќе има 32 години. Во Велс тие се свесни дека ова против Данска веројатно беше неговиот последен настап.
Инаку, Бејл имаше забелешка на голот на Данска во 48. минута за 2:0. Бејл падна кратко после тоа по судирот со Симон Кјаер, но ниту ВАР не ја смени одлуката на судијата кој покажа на центарот.
“Во оваа ситуација, тоа беше чист прекршок за мене. Судиите мораа да донесат поинаква одлука”, рече Бејл.
На крајот им честиташе на Данците, велејќи дека заслужено отидоа понатаму и дека неговиот тим едноставно падна откако го прими првиот гол и „брзиот гол на стартот на второто полувреме скрши сè“.
Бејл и останатите од тимот одат дома, а Данска утре ќе го дознае својот ривал во четвртфиналето. Подобриот од натпреварот Холандија – Чешка, кој се игра во 18 часот во Будимпешта.