Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со герила акција во Собранието. Истакнаа транспарент на кој пишуваше „Бегај бе таму, хеј сус“ алудирајќи на аудио снимката која се појави пред неколку дена, а на која се слуша гласот на спикерот на Собранието како ги кара луѓето вработени во собраниските служби.
– Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал. Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието, порача Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Аудио снимката од Талат Џафери
Командант Форина до службениците: 👉Си ебавате мајката тука! pic.twitter.com/R5tMyGL2TK
— @Soleimani (@Soleimani_QUDS) May 12, 2022