Сарај почна прв да слави.

Блерим Беџети заедно со поддржувачите на ДУИ излезе на плоштад за да ја слават победата.

„Овде сум со сите активисти на ДУИ во Сарај, реално нема гласачко место каде не сме победиле, не ја знам точната бројка, но според тоа што ми е кажано ДУИ има над 10 илјади гласови“, истакна Блерим Беџети.

Според ДИК, по броењето на гласови, Блерим Беџети од ДУИ има 10 790 гласа или 73,10%, Ќерим Махмути од АА/ААА 2 606 или 17,65%, Илир Кроси од ДПА 87 односно 0,59% и Хасим Муртезани од Беса 893 гласа односно 6,05%.

И во Студеничани се славеше. А таму славеше Азем Садику од ДПА.

„Разликата со кандидатот на ДУИ е над 800 гласа, а со кандидатот на Алијанса над 1 500 гласа. Ја користувам можноста да им се заблагодарам на сите гласачи на Студеничани“, посочи Азем Садику.

Но, во Студеничани ќе има втор круг. Според ДИК по броењето на гласови, резултатите се:

Ејуп Абази ДУИ 2 440 – 32,18%
Фатмир Ејупи АА/ААА 1 781 – 23,49%
Азем Садику ДПА 3 146 – 41, 49%
И во Арачиново во вториот круг ќе се одлучи кој ќе биде градоначалник, а во првиот круг води кандидатот на ДУИ.

Ридван Ибрахими ДУИ 2 286 – 44,17%
Наим Синани АА/ААА764 – 14,76%
Миликије Халими СДСМ 2 023 – 39,08%
Според ДИК, кандидатите кои победиле во првиот круг, службената должност ќе ја преземат во рок од 7 дена од денот на изборите.