Бебе старо околу три месеци било пронајдено во црна кеса покрај контејнер околу 17 часот во Атина.

Се почнало кога мајка пријавила во полиција околу 15.00 часот. дека непознат маж и ја киднапирал ќерката во супермаркет во центарот на Атина. Според нејзините зборови, мажот пришол и рекол дека сака да купи нешто за детето, а потоа и го одзел бебето, пишува „Прототема“.

Полицијата почнала да трага по детето кое било пронајдено два часа подоцна. Девојчето било пронајдено во црна кеса до контејнер како плаче. Случајниот минувач кој го пронашол веднаш ги алармирал полицијата и брзата помош.

Бебето веднаш со возило на Брза помош било пренесено во болница каде и било прегледано. Според првичните информации нејзината здравствена состојба е стабилна.

Полицијата ги приведе на распит мајката и бабата на детето, додека се истражуваат сите аспекти на овој необичен случај. Се уште не се познати идентитетот и мотивите на лицето кое наводно го киднапирало детето, а надлежните не исклучуваат никаква можност.