Не толку одамна, светот зуеше за љубовната врска меѓу Памела Андерсон и Лиам Нисон, а сè започна кога се појавија заедно на премиерата на нивниот филм „Гол пиштол“, кога беа многу блиски пред камерите и ги подгреа гласините за романса.
Памела Андерсон сега отворено проговори за врската за списанието „People“ и призна дека станува збор за кратка романса.
„Ако мора да знаете, Лиам и јас бевме романтично поврзани кратко време, но дури откако завршивме со снимањето на филмот“, рече таа и откри некои детали.
Таа откри дека поминале интимна недела во неговата куќа во државата Њујорк, каде што таа имала своја спална соба. „Двајцата наши асистенти дојдоа, дури и семејството наврати. По тој период што го поминавме заедно, нашите патишта се разделија поради работни обврски. Секој од нас тргна по свој пат за да работи на други филмови“, рече познатата русокоса.
Следеше премиерата на филмот, каде што се забавуваа одлично, а Памела призна дека ѝ било исклучително забавно што луѓето мислеле дека станува збор за маркетиншки трик. „Секогаш се смеев на тоа… Мислев, каков и да е маркетиншкиот трик, ова е вистинско, имаме вистински емоции…“
„Го сакам Лиам, но искрено, подобро функционираме како пријатели“, заклучи Памела Андерсон, која последен пат го виде Лиам во август. „Сигурна сум дека секогаш ќе бидеме присутни во животите еден на друг“.
фото: Depositphotos
Текстот Беа совршени, но дали беа вистински: Памела конечно проговори за својата врска со Лиам е превземен од МАКФАКС.























