Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, најави нов сет мерки за борба против загадувањето на воздухот, меѓу кои и одлука оваа година да нема новогодишен огномет, пренесува Klix.ba.
Како што изјави Станивуковиќ, одлуката е донесена по консултации со стручни лица, поради сериозната состојба со загадениот воздух во градот. Потврдено е и дека за време на новогодишните празници нема да се користи пиротехника, бидејќи дополнително ја нарушува квалитетата на воздухот.
Меѓу најавените мерки е и задолжителна вградба на филтри на оџаците, со можност тие да бидат субвенционирани. Градот планира и воведување електрични автобуси, зголемување на субвенциите за јавниот превоз, како и построги технички прегледи на возилата.
Станивуковиќ најави засилени инспекциски контроли на сите потенцијални загадувачи и продолжување на зелените проекти, како садење дрвја, зелени бариери и проширување на системот за централно греење.
Тој истакна дека чистиот воздух не е политичко, туку здравствено прашање и повика на соработка со институциите за долгорочни решенија.
Фото: pexels
Текстот Бања Лука ќе ја дочека Новата година без огномет – загадениот воздух ги менува празничните навики е превземен од МАКФАКС.























