Неажурноста на институциите и министерствата ги предомислува заинтересираните странски и домашни инвеститори да вложуваат во производство на струја од обновливи избори на енергија. Од Стопанската комора велат дека има добро законско решение, но институциите доцнат со одговори, ги пречекоруваат роковите и не им посочуваат на ивеститорите доколку им недостига документација. Потребна е поголема комуникација, бидејќи само 25 осто од вкупното производство на струја е чиста енергија, користејќи ги обновливите извори како сонце, вода, ветер и сл.

„Помалите електрични централи кои што работат на обновливи извори на енергија државата не треба ништо да вложува,државата треба да создаде услови за инвеститорите да вложат и да ги направат како што е во западниот свет, значи државата спротивно ќе земе средства поради концесија дали се работи за ветер за вода и т.н целата инвестиција ќе биде привата и државата само има бенифит“, вели Тодор Анѓушев-Претседател на Групација за обновливи извори на енергија.

– Advertisement –

Енергетичарите се надеваат дека ќе се изгради децениската хироелектраната Чеберн, која ќе биде од огромно значење во овој сектор. Производството на струја во моментов зависи од централите кои ослободуваат CO2, од кои се произведува речиси 70 отсто од вкупната произведена струја. Засега има 276 електрични централи од кои три биогасни, една ветерна и 155 фотоволатаици.

Денеска Владата потпиша договор за користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра. Парите треба да бидат потрошени за изработка на студии и документи инвестиции во обновливите извори на енергија. Владата на располагање ќе има и дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на објекти.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе