Минатогодишните финалисти во НБА лигата изолираа осум играчи поради протоколот за коронавирус.
Во изолација се членовите на првата петорка, Џими Батлер, Бам Адебајо и Горан Драгиќ. Покрај нив, изолирани се и Кендрик Нан, Јудонис Хаслем, Морис Харклес, Кеј Зи Окпала и Ејвори Бредли.
Неделниот натпревар на Мајами со Бостон беше одложен. Само шест здрави кошаркари и тројца повредени играчи, кои не се изолирани, останаа во составот на „Хит“.
Следниот натпревар екипата треба да го одигра вечер во 1 часот по полноќ на гости против Филаделфија.