Пишува: Александар Цезар Коневски

Во еден спонтан муабет со Пане у врска со Пиволенд му викам: Старо а да ги донесеме Селимова-Желчевски на Пиволенд, ради дојам? Старото у сам старт  со тоа рапавиот грлат глас низ кои поминале илјадници тони пиво викна, топ брат! Муабетот ми беше дека на овие фестивали вака или онака немаше некои македонски бенд, пејач а да не поминал. Се даваше шанса и на млади бендови да настапуваат за прв пат на стејџ, немаше скопјанец/ка а да не биде ангажиран/а во оваа приказна. Некои со работа, некои со почастување по некое пивце. Пиволенд секогаш беше најпосетен скопски и се уште држи рекорд на посетеност (нормално не го споредувам со новогодишната ноќ со Дино Мерлин) фестивал низ кои поминуваа сто илјади луѓе да здрват по некое пиво. Заживеа Кале, заживеа чаршија, а Скопје тие денови живееше.

Преку ,,Баскер Фест“ поминаа  генерации  деца, убавината на истиот беше во тоа што го посетуваа луѓе на возраст од 7 до 77 години, беше најубав фамилијарен фестивал, На истиот можеше да се оди со Жена, дете/деца а да не се вратите искарани дома, дури напротив. Колку само добар град беше Скопје во тие фестивалски денови. БФ, беше прогласен на неколку пати по својата оргиналност за најдобар фестивал на Балкан во некои балкански медиуми. Се сеќавам дека син ми од негова 5 годишна возраст почна да живее со Фестивалот за да на 15та и 16та подработуваше на истиот, значи цели 10/11 години среќа и прекрасни моменти со прекрасни луѓе. Низ БФ поминаа стотици изведувачи од цела планета, ама буквално од цела! За прв пат тогаош у мој живот видов Монголци у живо, убави беа. Еднаш дури се сеќавам идам дома у куќата и што да видам!? Пане ми зачукал у куќа 11 изведувачи да ми спијат од Полска, Азербејџан и пар Италјани, ама тоа е друг муабет што не му ја скршив глаата тогаш. Овие два фестивала некои луѓе мислеа дека веќе не треба да постојат и нормално најдоа ,,оправдани причини“ за тоа, но јбг фестиваливе се помоќни од било какви ,,оправдани причини“, Фестивалите, Тие се градот.