Шпанските медиуми пред неколку дена објавија детали од договорот на Лионел Меси со Барселона, што ја шокираше фудбалската јавност.

Во 2017 година, Меси потпиша договор со Барселона до летото 2021 година, според кој ќе инкасира неверојатни 555 милиони евра. Аргентинецот заработува дури 138 милиони евра годишно плус дополнителни бонуси.

Овие бројки ја изненадија фудбалската јавност, а Меси најави тужби затоа што протекоа приватни информации. Аргентинецот тврди дека само пет лица ги знаеле тие детали, а тој наводно се сомнева дека сè открил претседателот на клубот Хосеп Бартомеу.

Бартомеу тогаш преговарал со Меси и се согласил на условите што ги побарал, но не е тајна дека тие не биле во добри односи во последно време.

На крајот на краиштата, Бартомеу реши да се огласи и да ги демантира обвинувањата дека тој е тој што им откри на шпанските медиуми деталите за договорот на Меси во каталонскиот клуб.

„Гледам дека некои медиуми пишуваат дека некој од поранешното раководство на клубот го открил договорот на Лео. Ова е сосема погрешно, ова е чувствителна и сериозна тема. Објавувањето на професионални договори е незаконско. Ниту Барса ниту Меси ќе дозволат ова да остане неказнето Секако, јас не бев тој што го откри тоа“, рече поранешниот претседател на Барселона.

loading…