Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу беше ослободен денес.
Бартомеу беше уапсен вчера и ја помина ноќта во притвор, а денес беше пуштен на условна слобода со кауција.
Тој беше уапсен во полициска акција заедно со уште неколкумина службени лица под сомнение дека учествувал во корупција и разни нерегуларности.
Исто така, покрената е истрага затоа што се сомнева дека Бартомеу им плаќал на компаниите да го нарушат угледот на одредени сегашни и поранешни фудбалери на клубот на социјалните мрежи.