Мадридскиот весник „Марка“ пишува дека Барселона сакала да го ангажира Давид Алаба пред пред носот на Реал Мадрид, но не успеала во тоа.
Причина за тоа се финансиите, односно каталонскиот клуб не можел да му понуди 10 милиони евра годишно на австрискиот репрезентативец.
На крајот Алаба се договори со „кралскиот“ клуб со кого ќе потпише четиригодишен договор кој ќе му носи 10 милиони евра по сезона.
Актуелниот клуб на Алаба, Баерн Минхен наводно е бесен поради ваквиот исход и се чувствува предадено од фудбалерот кој од 2008 година настапува на „Алијанц Арената“. Алаба од Баерн прво бараше плата од 25 милиони евра, потоа 20 милиони, сума која германскиот тим нема шанси да му да јаде туку му нудеа 11 милиони евра годишно плус пет милиони во бонуси секоја сезона.
Баварците сметаат дека Алаба намерно ги одолговлекувал преговорите за да влезе во последните шест месеци од актуелниот договор и на крајот потпиша со Реал Мадрид за плата која е двојно помала од таа што ја бараше од Баерн.