Каталонското радио „РАЦ1“ тврди дека Барселона и Јувентус подготвуваат размена на играчи. Наводно претставници на двата тима неодамна имале состанок на кој разговарале за враќање на Миралем Пјаниќ во Торино. Тој минатата сезона се пресели во Барселона, како дел од пакетот во Јувентус замина Артур, но Босанецот не ги докажа своите квалитети.
Наводно сега Јувентус ќе го испрати во Барселона 23-годишниот Бентакур, а во спротивна насока ќе дојде Миралем Пјаниќ.