Полскиот напаѓач Роберт Левандовски и официјално беше претставен како засилување на Барселона на стадионот „Камп Ноу“ каде имаше околу 60.000 гледачи. Левандовски дојде од Баерн Минхен за 50 милиони евра, а шпанските медиуми пренесуваат дека ваква еуфорија во Барселона немало од доаѓањето на Бразилецот Роналдињо. Левандовски на првата средба со шпанските новинари не можеше да го избегне прашањето за дуелот со Реал Мадрид и напаѓачот Карим Бензема.

Advertisements

„Секогаш сум подготвен да играм против Реал Мадрид и многу добро ги знам. Тука сме да ги предизвикаме и знаеме дека нема да биде лесно. Но, убавината на фудбалот е во тоа што не треба да постигнете победа на само еден натпревар, туку да бидете конкурентни со сите тимови во текот на целата сезона. Сега не размислувам за Реал и Бензема, кој е исклучителен напаѓач, за мене е важно да постигнуваме победи на натпреварите со Барселона“, рече Роберт Левандовски, напаѓач на Барселона.

Полскиот напаѓач ќе го носи дресот со број 9, кој претходно му припаѓаше на Мемфис Депај. Левандовски по 8 години си замина од Баерн Минхен, освојувајќи ги сите можни трофеи.

Во меѓувреме, Марк Кукуреља стана најскапиот дефанзивец во светот, откако денеска потпиша договор со Челзи до 2028 година, за 73 милиони евра. Челзи на сметката на тимот на Брајтон ќе уплати цели 65 милиони, а дополнителните 8 милиони ќе ги исплати преку разни бонуси. Кукуреља беше желба на Пеп Гвардиола, но Манчестер Сити се откажа поради големата побарувачка од Брајтон.

„Возбуден сум и едвај чекам да трчам на Стемфорд Бриџ“, рече Марк Кукреља, фудбалер на Челси.

Покрај парите, Брајтон ќе го добие и 19-годишниот дефанзивец Ливај Колуел на едногодишна позајмица, но без опција за откуп./Alsat.mk

Махир Тачи