Екипата на Барселона со победата над Реал Мадрид од 88:73 го освои пехарот во Купот на Кралот. По само првото полувреме беше јасно дека тимот на Јасикевичиус ќе бидат победници, откако направија голема разлика, односно 55:31.
Со 20 поени најефикасен беше Хигинс, кој е прогласен за МВП, додека на спротивната страна Таварес постигна 17.
