Раководството на Барселона се обидува да ги убеди ветераните Жерар Пике и Серхио Бускетс да се согласат на уште едно намалување на платите. Првите луѓе на Барселона имале средба со Пике во ресторан и побарале отстапки од него, за да бидат регистрирани новите засилувања во тимот, за да не се надмине дозволениот дел од трошоците за платите, утврдени од Ла Лига.

Advertisements

Слична средба Лапорта и соработниците имале и со Серхио Бускетс и неговиот агент, но во канцеларијата на клубот.

Договорот на Пике со Барселона е до летото 2024 година. Минатата сезона одигра 39 натпревари на сите турнири и постигна три гола.

Прикажи повеќе