Лионел Меси беше разочаран ова лето кога Барселона одлучи да се раздели со Луис Суарез. Уругваецот се пресели во Атлетико Мадрид и покажа дека е далеку од „старо железо“, водејќи ги „јорганџиите“ кон титулата шампион во „Ла Лига“.
Сега се крои нов план во Барселона кој навистина многу ќе зависи од идеите на идниот претседател на клубот, а изборите се закажани за 24 јануари 2021 година. Според англиските медиуми, Каталонците сакаат да го ангажираат Серхио Агуеро на „Камп Ноу“. Покрај фактот дека им треба нов искусен и квалитетен напаѓач, неговото доаѓање веројатно ќе го направи среќен Меси и така шансите евентуално се зголемат за останување на аргентинската ѕвезда во екипата.
Договорот на Агуеро со Манчестер сити истекува на крајот од сезоната (како и оној на Меси со Барса), а челниците на „Етихад“ засега не му понудија нов. Клупската легенда Агуеро почесто се соочува со повредите оваа сезона во која имаше само девет настапи, вкупно 260 минути и два гола.
Агуеро секако кога е во одлична здравствена состојба и права форма, веднаш се истакнува како врвен стрелец, и тоа е она што ѝ е очајно на Барселона, бидејќи и натаму не може да ја најде вистинската замена за Суарез. Како прва желба на Роналд Куман се споменуваше Мемфис Депај, но преговорите со Лион не завршија како што посакуваа Шпанците и играчот остана во Франција.
Агуеро го има правото да преговара со други клубови, а Барселона, наводно, му подготвила преддоговор на фудбалерот кој со 256 погодоци за Сити е најдобар стрелец во историјата на „синиот“ тим од Манчестер.
Покрај Барса, и ПСЖ ја следи ситуацијата со аргентинскиот интернационалец. Париските „светци“ сега имаат нов тренер, Маурисио Покетино, поранешниот менаџер на Тотенхем, кој со години гледаше во живо како Агуеро ги просеа мрежите во Премиер лигата.
Планираше уривање на „Камп Ноу“, заминување на Меси, и на крајот остана без поддршка!