Лицата со попреченост денеска излегоа пред зградата на Владата во Скопје за да го искажат својот револт.

На протестот беа присутни десетици лица кои испратија различни пораки до Владата.

– Влада која не ги почитува – преговара со лицата со посебни потреби за зголемување на мобилноста и нега од трето лице, не треба да го води народот, беше само една од пораките.