Пишува: Владимир Перев

Никој не знае од каде се изнајде думата балансер, ниту кој прв ја предложи, ама со тоа зборче се среќаваме секој ден. Нормално, измислен е заради албанците, ама проблемот настанува ако се применува и на другите, специјално на бугарите. Само тие не се признати во Македонија и само тие се проблематични ако треба да заземат место во управата на државата, во армијата и во безбедносните служби.. До сега сите молчеа за балансерот, сите беа некако распоредени, и македонци и албанци, и срби, и турци, и власи, и роми, ама кога се стигна до бугарите, се дигна глас до небо. Не е шега, бугарите сѐ малку за да се пројават на попис или поинаку, ама ако дојде до тоа, работа и државна аренда да се добива во управата, правосудието, армијата и полицијата преку балансер, многумина “ќе ги покажат роговите“. Не е за шега, има над 130 илјади бугарски државјанства во Македонија, уште неколку десетици чекаат да им бидат доделени, а и не сите сакаат да заминат на работа низ Европа. Ако има можност, повеќето би станале овде, а некои и би се вратиле.

Во Титовата Југославија, која сите толку ја сакавме, како и во нашата СР Македонија, зборот “балансер“, беше претставен со обичниот и на сите разбирлив израз “застапеност според националниот клуч“. Тоа го имаше и функционираше релтивно добро. Работите се променија кога една група унитаристи од Белград, претежно срби, се обиде да го наметне терминот југословенство, наместо праведна застапеност на сите народи и народности од Југославија.

Први се побунија хрватските комунисти и дел од нивниот ЦК СКХ. Предводници на битката беа Савка Дабчевиќ-Кучар, Веќеслав Хољевац, генералите Фрањо Туѓман, Иван Шибл, Иван Рукавина, Јанко Бобетко, адмиралот Среќко Манола и ред други, сите првоборци, партизани и воени другари на Јосип Броз Тито. Ним им се приклучија ред хрватски интелектуалци, целата Матица Хрватска и целата постава на ЈАЗУ. Против нив застанува дел од раководството на СК на Хрватска, Владимир Бакариќ, Душан Драгосавац, Јуре Билиќ, Милош Жанко и уште неколкумина стари догматски комунисти. Во принцип, проблемите се обнародуваат јавно со објавувањеto na Deklaracija o nazivu i položaju hrvatskog književnog jezika, 1967 g.

Состојбата својот корен го влече од суштински прашања. Имено, godine 1969. Hrvati su činili u saveznoj upravi države 8,6 % osoblja, iako je njihov udio u SFRJ bio 22 %. Srba je u administraciji bilo 73,6 % iako je njihov udio u stanovništvu iznosio 39,6 %. U upravnim strukturama savezne države bilo je 7,2 % Crnogoraca, dakle gotovo kao Hrvata. U JNA je u časničkoj strukturi bilo 62,5 % Srba a 10,4 Hrvata.Te su se diskriminatorske nejednakosti doživljavale kao nepovjerenje zbog nacionalne pripadnosti. Hrvatima se što prikriveno što otvoreno nametalo jugoslavenstvo za napredovanje u državnim i civilnim službama i vojsci.

Некаде во тоа време се разви и аферата “Вице Вуков“, де факто обична удбашка местенка со доза на српски национализам и југословенски унитаризам. Према хрватските сведенија, Вуков, godine 1968. sudjeluje na putujućem festivalu “Pjesma ljeta”, prilikom čega su mu organizatori iz beogradske Politike uručili bedž s natpisom na ekavici koji je morao nositi. Vukov je zatražio da u svakoj republici nosi bedž na jeziku i pismu te republike, što je uzrokovalo daljnje neugodnosti.Beogradske novine NIN od 13. listopada 1968. javno optužuju Vukova za šovinizam i nacionalizam, nakon čega reagira republičko tužiteljstvo SR Hrvatske podižući optužnicu koja je na sudu ipak propala. 1970. organizatori su na Krapinskom festivalu htjeli trobojnu hrvatsku vrpcu s narodne nošnje koju su nosili izvođači okrenuti naopako, kako bi pred Titom izgledala kao jugoslavenska, no Vice Vukov je takvu nošnju odbio.

По својот проверен обичај, Тито игра и со двете страни, за на седницата на СК СКЈ во Караѓорѓево, одржана на 30 ноември и 1 декември 1971 година, заземе став и го елиминира хрватското раководство на Маспокот и ги доведе старите болшевички кадри со Владимир Бакариќ, на чело на Хрватска. Тој настан е познат како Sječa Hrvatske u Karađorđevu.

Во Македонија последен, дури во 1974 година, падна Крсте Црвенковски, како последица од неговот наводен либерализам и неслагање со унитаризмот, а со него и Славко Милосавлески, чија судбина беше предрешена уште во Белград.

Поуките од Хрватската пролет, се многуслојни, но најважната е дека несогласувањето околу квотите на застапеност во кадровската политика на СФРЈ, застапеноста во армијата, полицијата и правосудието, генерираа сукоб, кој заврши со општојугословенска трагедија.

Случајот со Вице Вуков, махинациите и хистеријата на службите за безбеност е поучителен. Тој воопшто не беше некаков усташа или терорист, каков што беше прикажуван низ тогашна Југославија. Му се калемеше сѐ и сѐшто, па дури беше и прогласуван за мртов во некаква меѓусебна пресметка меѓу усташите во странство. Ништо од тоа. Човекот се бореше за рамноправност на јазиците и писмата во СФРЈ, за тоа, секаде каде ќе прави концерти тогашниот популарен караван “Песма лета“ низ Југославија, беџовите на учесниците да бидат напишани на јазикот и писмото на секоја република. Впрочем, тоа беше гарантирано и со Уставот на СФРЈ. Српскиот национализам тоа не му го прости. Долго време живееше во Париз. Сепак, го дочека крајот на СФРЈ и формирањето на независна Хрватска држава. Почина дома, на бизарен начин, како пратеник во Хрватскиот Сабор.

Колку да се знае, сите го надживеаја Тито и сите го видоа распадот на СФРЈ и остварувањето на нивните идеали за слободна Хрватска. Дури и најголемиот противник на Маспокот, првоборецот, партизанот, југословенот и хрват Милош Жанко го виде крајот на Југославија, но почина во Белград, како последен чин на неговиот унитаризам.

Посегнувањето по балансерот или квотите, кој како милува да каже, станува опасна работа со непредвидиви последици. Посебно ако тоа се однесува само на една етничка група. Албанците одамна ги поставија своите херои Хасан бег Приштина, Скендербег, Џемо Хаса и други, во својот национален пантеон. Белград отиде уште подалеку, па со судски пресуди ги рехабилитира нацистот Милан Недиќ, заслужен за убиството на 50 илјади српски евреи од кои дел се ликвидирани во логорот на Бањица, заедно со српските комунисти; рехабилитиран е и Димитрије Љотиќ, водачот на српските националисти и јудејофоби, а рехабилитиран е и соработникот на германските нацисти, четничкиот лидер Дража Михајловиќ.

Бугарскиот етнос во Македонија ги нема своите права. Сеуште се водат приземни дискусии за “ликот и делото“ на Ванчо Михајлов, Тодор Александров и цар Борис Трети, како да е тоа некаков светски заговор против Македонија. Ретроградната македонска ДПМНЕ одбива секаква дискусија за национална/етничка демократија, а СДСМ срамежливо говори за можноста бугарите да влезат во уставот, ама сметаат на некои новокомпонирани, “пасошки“ бугари. Тоа нема да помине. Бугарскиот етнос, во својот најголем дел, е основачот на македонската нација и тоа ќе треба да се признае, а македонскиот јазик е дел од бугарските западни говори. Тоа е лингвистички факт. Македонската наука и политика е должна, по сите светски лингвистички критериуми, а по углед на хрватите, да ја направи својата “Deklaracija o nazivu i polozaju…” за нашиот јазик и тоа јавно да го обзнани. Да каже за србизацијата на јазикот, извршена со насилие и како продукт на животот во југословенската заедница. Да одговори научно, ако може, на позициите на БАН за генезата на македонскиот јазик. Се друго е пропаганда на сулудата идеја “Македонија до Индија“. И не само тоа. Толкувањето на личностите и делата на македонските бугари, се исклучително во надлежност на бугарскиот етнос, па секое вмешување ќе се смета за посегање по етничкиот и моралниот идентитет. Тоа е и суштината на балансерот, рамноправно учество и проценка на сопствените национални идеали.

Војната во Европа се води речи си на нашите граници. Никому не му се нужни внатрешни сукоби и непочитување на правата на етничките заедници, кои згора на сѐ, се и дел од други, соседни народи. Обединета Европа кон која се стремиме, не толерира етноцентричност и исклучителни мислења, барем не за нас, малите народи. Европјаните подобро од нас ја знаат Хрватската пролет, затоа што последиците од нејзиното загушување, беа видливи во цела Европа. Како да се повторува високомерието на југословенските политичари, во „македонскиот случај“ со бугарската општност, нејзината историја и припадноста на етничките бугари кон Македонија. Да не дозволиме, во ова нестабилно и превратно време, да ни се повторат последиците. Да не дозволиме реприза, за некој некогаш да кажува и пишува дека “надживеал“…