Американскиот претседател Џо Бајден во вечерашното обраќање повтори дека верува оти руските трупи ќе ја нападнат Украина во наредните денови и дека целта ќе биде главниот град Киев.
Бајден вели дека Русија испорачува „сè повеќе дезинформации до руската јавност“, вклучително и наводи дека Украина планира офанзива на територијата што ја контролираат бунтовниците.
„Едноставно нема докази за овие тврдења и тоа ѝ пркоси на основната логика“, вели тој.
Тој вели дека Украина нема да направи никаков воен напредок во регионот додека продолжува руското трупање сили долж нејзините граници.
„Во текот на овие тензични моменти, украинските сили покажаа голема доза на расудување и воздржаност“, додава Бајден. „Тие одбиваат да дозволат руските трупи да ги намамат во војна.
Тој продолжи да ја повикува Русија да избегне „катастрофална и непотребна војна по свој избор“.
„Русија сè уште ја избира дипломатијата. Не е доцна да се вратиме на преговарачката маса.“, рече Бајден во вечерашното обраќање, објави Би-Би-Си.