Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина.
Неколку часа пред неговото прво претседателско патување во Азија, Бајден разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и со финскиот претседател Саули Ниинисто во Белата куќа на тема нивните барања за членство во НАТО.
– Ова е историски настан, пресвртница во европската безбедност. Две нации со долга традиција на неутралност ќе се приклучат на најмоќниот одбранбен сојуз во светот, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.