Американскиот претседател Џо Бајден денеска сопшти дека САД воведуваат забрана за увоз на руска нафта и природен гас.
Во САД, цената на бензините е зголемена и со овој чекор таа се очекува да порасне уште повеќе, но притисокот на законодавците од двете партии во Конгресот беше силен со повиците Русија да се казни поради започнатата војна во Украина.
-Ова значи дека руската нафта нема повеќе да се прима во американските пристаништа и американскиот народ прави уште еден моќен удар врз таа воена машина, изјави Бајден.
Како што кажа, ова се едни од најзначајните економски и финансиски санкции досега наметнати кон една земја
Тој најави испуштање на 16 милиони барели нафта од заеднички нафтени резерви за да се намали притисокот врз цените на горивата, и ги повика нафтените копании да се однесуват одговорно и да не ја користат приликата за профитирање на грбот на американските потрошувачи.
-Руската агресија има цена. Ние сме спремни да ја платиме, но компаниите треба да се однесуваат одговорно, и да водат со пример, истакна Бајден.