Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја обвини Русија дека стои зад ракетниот напад врз железничката станица во источниот украински град Краматорск, опишувајќи го инцидентот како „ужасно злосторство“.

Најмалку 50 лица се убиени во нападот врз железничка станица каде што бегалците од источна Украина чекале евакуација.

„Нападот врз украинската железничка станица е последното ужасно злосторство, извршено од Русија, а во кое се погодени цивили кои се обидуваа да се евакуираат и да стигнат на безбедно“, напиша Бајден на Твитер.