Словенечкиот претседател Борут Бахор ја повика Европската унија веднаш да ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија како приоритетно прашање.
„Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ“, поарача Пахор на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа Проширувањето“.
Тој рече дека Северна Македонија направила се, а за возврат не добила ништо.
„Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши“, додае тој .
Пахор повтори дека Словенија го поддржува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и бара деблокирање на процесот.
„Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение“, вели Пахор.