Во големото германско дерби, Баерн и Борусија Дортмунд вечерва одиграа 4:2.
Баерн привремено падна на второто место по денешната победа над Лајпциг, но триумфот против ривалот од Дортмунд во одличен натпревар беше доволен за враќање на врвот. Баерн е лидер со 55 бода, Лајпциг има 53, Волфсбург 45, Ајнтрахт 43, Баер 40 …
Баерн го отвори мечот катастрофално, па Милионерите постигнаа два гола за помалку од 10 минути. И двата пати стрелец беше брилијантниот Ерлинг Халанд.
Но, Баерн има и свој ѕвер. Роберт Левандовски намали на 2:1 во 26-та минута, а во 44-тата минута, по интервенција на ВАР, од досудениот пенал, Полјакот израмни на 2:2.
До 89-та минута „мир и тишина“, а потоа и два гола за само 100 секунди за Баварците. Прво Горецка погоди за 3:2, а потоа Левандовски стигна до хет-трик.
Левандовски во моментов е на 31 гол и е убедливо најдобар стрелец на шампионатот, додека Халанд е втор на таа листа со 19 погодоци, како и Андре Силва од Ајнтрах.