Играчот за врска Кингсли Коман ова лето би можел да ги напушти редовите на германскиот шампион Баерн.
Во последните неколку недели, Баерн преговараше со Коман, поточно неговиот агент, за потпишување на нов договор.
Сепак, не беше постигнат договор бидејќи од тимот на Коман побараа годишен приход од 12 милиони евра, што Баерн не го прифати.
И, бидејќи преговорите пропаднаа и бидејќи договорот на Коман истекува за две години, челниците на баварскиот клуб се подготвени да го продадат од 80 до 90 милиони евра.
Сепак, прашањето е дали понудата во таа сума ќе дојде до Баерн, но и покрај сè, се чини дека иднината на Коман во Баерн е неизвесна бидејќи клубот повеќе не сака да направи грешка како онаа со Давид Алаба, кој завршува во слободен трансфер и отиде во Реал Мадрид.
Значи, во овој момент, неговата продажба е се поверојатна, но бидејќи пандемијата предизвика големи финансиски проблеми во клубовите, се поставува прашањето дали Баварците ќе соберат пари колку што очекуваат.
Минатата сезона Коман одигра 29 натпревари за Баерн во Бундеслигата, постигна пет гола и додаде 10 асистенции.
Да потсетиме, освен за Баерн, овој 25-годишен фудбалер во досегашната кариера има играно за ПСЖ и Јувентус од каде пристигна во Баерн.