Баерн Минхен има шанса да го донесе Ерлинг Халанд следното лето, но тие не сакаат да го сторат тоа.

Феноменалниот Норвежанец игра навистина спектакуларен фудбал и оваа сезона. Од ден на ден станува се подобар и не е ни чудо што најдобрите европски клубови се борат за неговиот потпис.

Борусија сигурно ќе добие бројни понуди за овој 20-годишник и многу е веројатно дека ќе биде надмината бројката од 75 милиони евра, што е наводна клаузула во договорот за неговиот следен трансфер.

Германските медиуми тврдат дека Баерн нема да биде меѓу клубовите заинтересирани за доведување на Халанд. Баварците имаат огромни ресурси и имаат можност да го доведат во своите редови, но тие не сакаат да го сторат тоа.

Така, доколку ја напушти Борусија, Халанд кариерата ќе ја продолжи надвор од Германија, но и тимот од Дортмунд сака да го задржи.

„Сигурни сме дека тој ќе остане и следната сезона и дека ќе стане уште подобар фудбалер кај нас“, изјави Себастијан Кел.

Халанд постигна 43 погодоци на 45 настапи за германскиот клуб.