Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен се повреди на квалификациските мечеви за Полска, па сега Баерн Минхен не може да смета на него за пресметките со ПСЖ во Лигата на шампионите. Сепак, и втората опција отпадна поради повреда, а тоа е Серж Гнабри. Ханси Флик, тренерот на Баварците сега како опции ги има Томас Милер и Коман, а останува да се види со каква формација ќе настапи и како ќе се справи со силниот ПСЖ без најдобриот стрелец Роберт Левандовски.