Баерн Минхен на својата официјална веб-страница потврди дека Хави Мартинез повеќе нема да биде член на баварскиот гигант.
Шпанскиот фудбалер и Баерн на овој начин се разделуваат по девет одлични и трофејни години. Договорот на Мартинез истекува на 30 јуни и двете страни се согласија дека нема да има продолжување на договорот.
Мартинез дојде во Баерн во 2012 година, а со баварскиот тим беше осум пати германски шампион, пет пати го освојуваше Купот и двапати ја освојуваше Лигата на шампионите со Баерн.
Пред да се приклучи на Баерн, Мартинез одигра брилијантно за Атлетико Билбао, каде се приклучи како тинејџер од Осасуна во 2006 година, каде ја започна својата фудбалска кариера.
Сè уште не е познато каде Мартинез ќе ја продолжи кариерата. Се споменува одење во МЛС, Азија, но враќањето во Шпанија е исто така во центарот на вниманието. Наводно интерес покажале Атлетик Билбао, Валенсија и Вилјареал.
Споменатиот фудбалер забележа 18 настапи за сениорската репрезентација на Шпанија, додека за У21 селекцијата на Шпанија забележа 24 настапи.
Шпанецот со Баварците може да ја заврши ерата со трофеј следниот викенд освојувајќи ја деветтата титула германски шампион.
Сите во Баерн имаа пофални зборови за Мартинез, а зборуваше Хасан Салихамиџиќ.
“Хави е дел од историјата на Баерн. Тој освои титули, собори рекорди и секогаш ќе има посебно место во нашиот клуб. Тој беше поинаков, ја играше својата игра, а особено ја паметам Лигата на шампионите во 2013 година”, изјави Салихамиџиќ.
Хави Мартинез одигра 163 натпревари за Баерн и постигна девет погодоци. За време на престојот во Минхен, тој исто така имаше проблеми со повредите, но успеа да стане еден од најважните играчи на Баерн во последните девет години.