Неколку часа по потпишувањето на пакетот за спас од 1,9 трилиони долари, американскиот претседател Џо Бајден одржа телевизиски говор во кој ја опиша следната фаза од борбата против пандемијата. Говорејќи во Белата куќа Бајден рече дека има светлина на крајот од тунелот. Тој рече дека секој возрасен Американец ќе може да се вакцинира најдоцна до 1 мај. „Ако го сториме ова заедно, на 4 јули, има големи шанси вие, вашето семејство и пријателите да се соберете заедно во дворот и да го прославиме Денот на независноста“, рече Бајден.

– Advertisement –

Прикажи повеќе