Тој го повика Трамп да се појави и да побара „оваа опсада да запре“.

Откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес во Вашингтон, новоизбраниот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата.

– Вие гледате и јас гледам што се случува. Во овој момент нашата демократија е нападната. Ова е преседан. Ова е напад врз темелите на слободата во Капитол, напад врз претставници на народот и државни службеници кои работат во срцето на Соединетите држави. Ова е напад врз владеењето на правото и најсвето во Америка и тоа е должност пред народот. Овие сцени на хаос во Капитол не се одраз на луѓето во Америка. Ова е хаос, хаос и мора веднаш да престане. Ја повикувам оваа банда да се повлече и да овозможи демократијата да оди напред – рече Бајден.

Тој го повика Трамп да се појави и да побара „оваа опсада да запре“.

– Упадот во Конгресот не е протест, тоа е бунт. Ова е она што го гледа целиот свет. Доналд, излези на ТВ сега и исполни ја својата заклетва. „Повикајте ги приврзаниците да се повлечат – рече Бајден.