Американскиот претседател Џо Бајден ја избра Рејчел Левин за нов помошник министер за здравство, со што таа стана првиот трансродов федерален службеник, потврден од американскиот Сенат.

„Д-р Рејчел Левин ќе ја донесе потребната експертиза и стабилност која ни треба за да ги спроведеме луѓето низ оваа пандемија, без оглед каде живеат, или според нивната раса, религија, сексуална ориентација, родов идентитет или попреченост и да ги задоволат нивните потреби преку системот на јавно здравје во нашата земја во овој критичен момент и понатаму“, рече Бајден во изјавата по повод назначувањето, пренесува Политико.

Рејчел Л. Левин е родена како машко во 1957 година, по професија е лекар педијатар кој работи како Секретар за здравство во државата Пенсилванија.

Таа исто така е професор по педијатрија и психијатрија на медицинскиот колеџ Пен Стејт. Левин е една од само неколку отворено трансродови јавни службеници во САД.

Левин има две деца, а полот го сменила во 2011. Со својата поранешна сопруга се развела во 2013 година.