Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека САД размислуваат за санкции против Белорусија по притворањето на опозицискиот новинар Роман Проташевич, но не прецизираше какви.

Advertisements

„Разгледуваме санкции. Не сакам да шпекулирам додека не бидат подготвени“, порача Бајден.

И портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера изјави дека САД подготвуваат санкции против Белорусија по вонредното слетување во Минск на авионот во кој беше опозиционерот Протасевич. Авионот на „Рајанер“ патувал од Атина до Вилнус, а беше принудно приземјен со образложение дека имало експлозивна направа на патничкиот авион. Протасевич беше уапсен.

Денеска се очекува да се одржи итен неформален состанок на Советот на безбедност на ОН, на барање на Франција, Ирска и Естонија.

Прикажи повеќе