Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба со која се бара преглед на доверливи документи поврзани со терористичките напади на 11 септември. Бајден минатиот месец беше предупреден од повеќе од 1.800 Американци кои беа жртви од терористичките напади, вклучително и роднини на жртвите и преживеаните, да не присуствуваат на ниту една церемонија по повод 20 – годишнината од овој грозоморен настан, освен ако не ги декласифицира документите за владините врски со бомбашите самоубијци на 11 септември. Извршниот налог бара од јавниот обвинител да објави декласифицирани документи во текот на следните шест месеци.

Advertisements

Прикажи повеќе