Американскиот претседател, Џо Бајден, изрази незадоволство заради слабиот одговор на вакцинацијата против ковид-19. Според него, од огромна важност е Американците да почнат да се вакцинираат сега откако вирусот почна повторно да се шири.

Advertisements

Во телевизиското обраќање од Синсинати, Бајден кажа дека кризата многу ги погодила невакцинираните во време кога ширењето на делта сојот на вирусот доведе до зголемување на бројот на нови инфекции низ целата земја, пренесуваат американските медиуми.

„Имаме пандемија меѓу оние кои не се вакцинираа, тое е темелот и тоа едноставно така. Десет илјади лица неодамна починаа од ковид-19, а 9.950 од нив не биле вакцинирани“, рече Бајден.

Прикажи повеќе