Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца. На изненадување на Ривлин, Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит. Моментот го фотографираше член на прес-одделот на Владата на Израел, пренесуваат израелските медиуми.