Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, го претстави својот тим за животна средина и енергија, изјавувајќи дека членовите на ова тело ќе бидат дел од „амбициозен план на администрацијата за решавање на климатските промени”.

Говорејќи на настан во Вилмингтон, Делавер, Бајден рече дека климатските промени и еколошките прашања ќе имаат централно место во неговата администрација.

„Луѓе, ние сме во криза“, рече Бајден споредувајќи ги заканите од загадувањето со пандемијата од коронавирусот :

„Исто како што треба да бидеме обединета нација за да одговориме на ковид-19, ни треба унифициран одговор за климатските промени “ – порача Бајден.