Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го доби својот нов официјален претседателски профил на Твитер, но беше принуден да го активира со нула следбеници.
Кампањата на Бајден е незадоволна од тој потег, што означува промена од претходниот трансфер на власта од Барак Обама на Доналд Трамп, јави Би-Би-Си.
Новиот налог – @PresElectBiden, ќе се трансформира во официјална @POTUS (претседател на САД) на денот на инаугурацијата на 20 јануари.
Во првите шест часа онлајн, тој доби скоро 400.000 следбеници.
Доналд Трамп наследи околу 13 милиони следбеници на сметката Потус кога го презеде од Обама – но тоа нема да се случи овојпат.
Обама беше првиот американски лидер кој имаше официјален профил на Твитер. Налогот @POTUS беше отворен за време на неговиот мандат во 2015 година.