Исповедта на младата и перспективна глумица Милена Радуловиќ ја потресе јавноста.
И додека бројот на жрртвите се зголемува, многу колеги на Милена и на Ива, кои први собраа сила да ги пријават силувачите, им даваат поддршка.
На свој начин покрај девојките застанаа и Бајага и Бранко Ѓуриќ со песната „Не си сама“.
Бајага е заслужен за текстот на песната, а популарниот Ѓуро со својот бенд „Бомбај штампа“ ја испеа нумерата која доби епитет химна на храброста и борбата против силувањето.
Слушнете ја „Не си сама“.